Поднесени седум амандмани на уставните измени

Во законски предвидениот рок до Собранието на Р. Македонија пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот. Два амандмани поднесе Алијансата на Албанците, по еден Беса и пратеникот од СДСМ Мухамед Зеќири и три амандмани Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ниту еден амандман не е поднесен од пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Седницата треба да започне попладнево.
Четири од поднесените амандмани се однесуваат на државјанството, кое според Преспанскиот договор треба да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Алијансата на Албанците и Беса имаат слични амандмани и бараат да биде само граѓанин на Република Северна Македонија, а Зеќири предлага допрецизрање на ставот со тоа што на крајот на реченицата ќе се додадат зборовите „што не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните“. Сличен амандман на овој има поднесено и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие предлагаат во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат зборовите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“.
Вториот амандман на Алијансата на Албанците е да се посочи со кои држави се граничи Македонија.
Пратениците од Независната пратеничка група имаат поднесено амандмани со кои бараат уставните измени да се прогласат за неважечки доколку Грција не го ратификува Договорот од Преспа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.