Подобра и од француска: Хит салата од 70-те која Русите ја јадат за време на празниците

Мимозата Русите сметаат дека е ремек дело на советската кујна затоа што уште од 70-те години е задолжителна за поставување на маса во текот на празниците.
Од популарната руска салата која што се подготвува со мајонез, варен компир, морков, кисели краставички, шунка, варени јајца – произлегла и популарната мимоза салата.
Како и во поголемиот дел од советските рецепти, така и во овој не ви се потребни скапи состојки. „Ѕвездата“ на овој рецепт е конзервирана риба која што подоцна се комбинира со кромид, мајонез…
Состојки:
– 3 компири;
– 3 моркови;
– 2 конзерви туна или лосос;
– 1 мала главица кромид;
– 3 јајца;
– мајонез;
– копар.


Подготовка:
1. Излупете ги морковите и компирите, па ставете ги да се варат во солена вода, процедете и оставете да се изладат.
2. Сварете ги јајцата, па излупете ги и оставете да се изладат. Кромидот исечкајте го на потенки прстенчиња.
3. Изрендајте ги ладните компири, морковот и јајцата.
4. Искористете сад за торта или пак направете си калап од алуминиумска фолија, па ставете го на чинија, а потоа внатре распоредете ги слоевите: компир, кој го премачкувате со лажица мајонез, потоа рибата од конзерва, потоа кромидот, па повторно мајонез, па остатокот од компирот и рибата. На врвот ставете ги морковите и ренданите јајца. Украсете со копар.
Совет: Количината на слојот мајонез помеѓу зеленчукот и рибата прилагодете ја по ваш вкус.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.