Познат идентитетот на жената пронајдена во Вардар

Познат е идентитетот на жената чие тело вчера беше извлечено од водите на Вардар. Полицијата денеска соопшти дека се работи за 50-годишната А.Х.И. од Скопје.
       Таа била пријавена за исчезната истиот ден кога е најдено нејзиното тело.
– Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која во меѓувреме член на нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила, велат од МВР.
Телото на починатата е извадено вчера околу 11 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: