Полина Поришкова позирала без облека: „Својата 58-ма година ја започнувам само со сонце и насмевка“

Манекенката Полина Поришкова по повод својот 58-ми роденден објавила фотографија на која позира без облека.

„Својата 58-ма година ја започнувам само со сонце и насмевка. И надеж дека најдоброто допрва доаѓа и благодарност за сето она што ме донесе тука каде што сум сега. Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Иако поминав 20 часа од роденденот патувајќи, вредеше“, навела таа.
Поришкова додала дека на фотографијата не користела филтер и дека е горда на својата седа коса. Многу корисници на социјалните мрежи во коментари порачале дека ги охрабрила.

„Утре полнам 49 и се чувствувам по малку лошо поради тоа. Ти благодарам што ми покажа дека тоа не значи дека станувам стара ниту дека моето време поминало“, напишала една корисничка на Инстаграм.
„Среќен роденден, прекрасна жено. Продолжи да нè инспирираш“, додала друга.

Полина е родена 1965 година во тогашната Чехословачка. Со семејството во 1968 година се преселила во Шведска за да ја избегне инвазијата од Варшавскиот пакт. Во Шведска стана актерка и модел со светски позната кариера.
Работеше на кампањи за брендови како „Chanel“, „Versace“, „Hermes“, „Christian Dior“, „Oscar De La Renta“, „Mikimoto“, „Perry Ellis“, „Laura Biagiotti“, „Anne Klein“, „Ellen Tracy“, „Barneys New York“, „Ann Taylor“ и „Revlon“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.