Полицајците од Танушевци извлечени со полициски хеликоптер

Претпладнево е извршена смена на полициските службеници кои по завршувањето на 4-дневната должност, поради длабокиот снег кон караулата Танушевци, завчера не можеа да бидат заменети со нови гранични полицајци, потврдија од МВР.
Смената е извршена со полициски хеликоптер. Од независниот полициски синдикат вчера соопштија дека проблемот често се појавува и дека навреме не се спроведуваат тендери за расчистување на патиштата кон планинските гранични полициски станици.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: