четврток, 12 ноември 2026
Најново

Полицајци менувале матични лекари само за да добијат боледување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За година ипол полициски службеник променил четири матични лекари само за да му препишуваат боледувања. Ова е само еден од случаите откриени при контролата што ја спроведе Фондот за здравствено осигурување на барање на Министерството за внатрешни работи.
Контролата утврдила 10 случаи во кои полициските службеници ја користеле оваа пракса за да им се препишуваат боледувања.
Боледувањата најчесто биле до седум и до 15 дена, но имало и такви кои биле со времетраење од над 30 дена.
Неправилни боледувања издавале и специјалисти.
– Неправилните боледувања ги издавале дури и специјалисти во државното здравство и две лекарски комисии од два града, како и 27 ординации по општа медицина и две гинеколошки ординации, информира директорот на Фондот за здравствено сигурување Сашо Клековски.
Според Клековски, главниот системски проблем е во тоа што не постои интегриран систем на боледувања во земјава.

Поврзани вести