Полицијата со детали за убиството во Струга

Полицијата излезе со официјални детали за убиството кое вчера се случи во Струга.
Во 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано “Кодра бум“, 22-годишниот У.В. управувајќи патничко возило “Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот В.Б. од село Поум, во кое бил и неговиот син, 23-годишниот З.Б.
Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и В.Б. по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга. Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција и се преземат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.