недела, 15 ноември 2026
Најново

Полицијата со засилени контроли на кафаните и кафулињата, се приведуваа малолетници и се затвораа објекти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во петокот на 31.01.2025, полицијата заедно со Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје во врска со точење алкохол на малолетни лица и други кривични дела.

Во еден од објектите биле затекнати тројца малолетници кои консумираат алкохол, а било извршено легитимирање на 10 лица. Од друг објект приведени се 12 лица за утврдување идентитет. Додека, во трет угостителски објект од слобода биле лишени 21 лице кои биле затекнати во објектот. Биле земени и примероци од алкохолните пијалоци кои ги консумирале малолетниците“, се вели во соопштението.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од МВР велат дека по завршување на вештачењето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека од Државниот пазарен инспекторат ќе им бидат изречени парични казни и управна мерка затворање на објектите на 30 дена.

Поврзани вести