Полнети компири со чедар и сланина

Овој деликатес ќе ги разбуди сите ваши сетила. Подгответе го рецептот во продолжение и уживајте во него со целото ваше семејство.
Потребни состојки (за 4 лица):
– 4 големи компири
– маслиново масло
– 200 гр. чедар кашкавал
– 2 страка млад лук, ситно исецкан
– 100 гр. ситно исецкана сланина
– половина шолја кисела павлака
– една супена лажичка путер
– ¼ шолја млеко
– сол и бибер


Начин на подготовка:
1. Компирите со лушпа добро измијте ги и исушете ги, а потоа ставете ги во тава за печење и избоцкајте ги со вилушка на неколку места.
2. Прелијте ги со маслиново масло, посолете и ставете да се печат на 180 Целзиусови степени околу еден час.
3. По еден час извадете го компирот од рерна, пресечете го по должината и со лажичка (но, внимавајте лушпата да остане цела) извадете ја внатрешноста.
4. Содржината на компирите ставете ја во стаклена чинија и додадете го чедарот, младиот лук, сланината, млекото, путерот, павлаката, солта и биберот и сè добро промешајте.
5. Со смесата наполнете ги компирите до врвот, а на врвот ставете уште една лажичка павлака и наросете со ситно исецканиот лук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.