Полнето пилешко во лиснато тесто

4 парчиња пилешки гради
500 г лиснато тесто
200 г парчиња свежи шампињони
2 изгмечени чешниња лук
2 лажици сечкани листови целер
1 јајце
150 мл бело вино
150 мл кисела павлака
1 лажичка сенф
масло, сол и мелен црн пипер
На загреано масло испржете ги шампињоните и лукот. Додадете го целерот, промешајте и тргнете ја тавата со филот од оган.
Првото парче пилешки гради засечете за да формирате џеб. Зачинете го и наполнете го со подготвениот фил. На истиот начин подгответе ги сите парчиња пилешки гради.
Од лиснатото тесто на набрашнета маса со сукалка развлечете долгнавеста кора и исечете ја на ленти.  Секое полнето парче пилешки гради скалесто обвиткајте го со ленти од лиснато тесто и наредете ги во намрсена тава. Премачкајте со изматено јајце и печете 45 мин на 200С.
Во тенџере на оган ставете ги виното и сенфот, и варете додека испари алкохолот. Додадете ја павлаката и промешајте го сосот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.