Полноќно рочиште на Судот на БиХ за Будимир, одлуката во недела

Судот на Босна и Херцеговина во недела до 12 часот ќе донесе одлука за тоа дали на претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир ќе му биде одреден еденомесечен притвор како што побара Обвинителството на БиХ.Ова го најави во саботата доцна навечер во Сараево судијата Бранко Периќ кој претседаваше со рочиштето на кое обвинителството и одбраната на претседателот Живко Будимир и на неговите соработници осомничени за корупција, ги изложија своите гледишта.Расправата за тоа дали во овој случај треба да биде одреден притвор или Будимир ќе го користи имунитетот беше закажана за 21 часот, термин кој е крајно невообичаен во судската практика, а рочиштето траеше до околу полноќ.Обвинителството на БиХ бараше едномесечен притвор за девет лица, вклучително и за Будимир, неговиот советник Петар Баришиќ, претседателот на ентитетската комисија за помилувања Халид Халиловиќ, како и за Сауд Кулосман и Иван Јурчевиќ претседателите на бошњачкото и на хрватското здружение на пензионираните бранители.Притворот беше побаран со образложение дека постои опасност тие да побегнат од земјата, како и да влијаат врз сведоците и да прикриваат докази.Обвинителот на Обвинителството на БиХ, Олег Чавка, на расправата за евентуално одредување притвор првпат ги изнесе деталите од обвинението, наведувајќи дека таа се заснова на прислушувани телефонски разговор во кои лица осудувани за различни кривични дела или членови на нивните семејства контактирале со советникот на Будимир, петар Баришиќ, за да издејствуваат помилување од издржување на затворските казни и за тоа нуделе пари. Баришиќ, пак, бил тој којшто го контактирал Будимир и со него договарал кого треба да го помилува.Прислушувањето на Будимир и на неговите соработници започнало летото 2012 година. „Будимир потпишал најмалку 158 помилувања кои не биле засновани врз законот“, тврдел на рочиштето обвинителот Чавка.Самиот Будимир пред судијата Периќ изјавил дека не е виновен за кривичните дела за кои се товари. Побарал и да биде пуштен на слобода, нудејќи гаранција дека нема да ја напушта Босна и Херцеговина се` додека трае истражната постапка. „Не ми паѓа на памет да ја напуштам БиХ“, рекол БудимирНеговата адвокатка Бранка Праљак остро се спротиставила на изрекување на мерката притвор истакнувајќи дека тој во Хрватска нема недвижнини, како што тврди обвинителството. Адвокатката, исто така, се пожалила и на законитоста и правичноста на целата постапка на државното обвинителство. Констатирала дека на одбраната и` е оневозможен увид во доказите од обвинението што го оценила како недозволиво.
МакфаксСудот на Босна и Херцеговина во недела до 12 часот ќе донесе одлука за тоа дали на претседателот на Федерацијата БиХ Ж

Пронајдете не на следниве мрежи: