ПОЛСКА И БУГАРИЈА ГИ ПОВИКАА ГРАЃАНИТЕ ИТНО ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА: Наскоро можеби нема да можете да се евакуирате!

Владите на Полска и Бугарија ги повикуваат своите граѓани кои се уште се во Русија веднаш да ја напуштат земјата.

ПОЛСКА И БУГАРИЈА ГИ ПОВИКАА ГРАЃАНИТЕ ИТНО ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА: Наскоро можеби нема да можете да се евакуирате!

Како што пренесува Гардијан, можно е поканата да е испратена затоа што се очекуваат уште поголеми гужви на граничните премини, со оглед на тоа што се повеќе Руси бегаат од мобилизацијата.

Министерството за надворешни работи на Бугарија синоќа ги повика своите граѓани „да се воздржат од патување во Руската Федерација“, притоа советувајќи ги оние кои се веќе во Русија да „размислат да ја напуштат земјата што е можно поскоро, користејќи ги моментално достапните превозни средства“.

Слично соопштение испрати и полското Министерство за надворешни работи.

Во случај на драстично влошување на безбедносната ситуација, затворање на границите или други непредвидени околности, евакуацијата би можела да биде значително потешка, па дури и невозможна.

Им препорачуваме на полските граѓани кои се на територијата на Русија да ја напуштат нејзината територија користејќи доста

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.