четврток, 12 ноември 2026
Најново

Помагајќи ѝ на Украина, ЕУ ги исцрпи своите воени резерви

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, предупреди дека Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпела своите воени резерви.

„Оваа војна беше и повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. Ѝ дававме оружје на Украина, а потоа сфативме дека нашите воени резерви се исцрпени“, напиша Борел на својот неделен блог.

Во меѓувреме, Борел на својот Твитер профил истакна дека податоците на Агенцијата за одбрана на ЕУ (ЕДА) потврдуваат дека „Европејците трошат повеќе за одбрана“.

„Сега мораме да трошиме подобро на одбраната и да соработуваме повеќе за да ја поддржиме Украина, да одговориме на итните потреби и да се подготвиме за иднината“, напиша тој.

МИА

– Реклама –








Поврзани вести