Порака до сите ученици: Бидете добри со наставниците!

Една млада жена им се обрати на учениците со молба за сочувство кон сите наставници, на кои во овој период навистина им е тешко.
Како родители, имаме одговорност нашите деца да бидат добри со другите луѓе, без оглед дали станува збор за средба во живо или не. Затоа е важно да бидат добри и полни со разбирање кон учителите и наставниците, зашто тие даваат сè од себе.
Еден пост ги поттикна луѓето во целиот свет да се потсетат колку им е стресно и тешко на сите наставници во овој период.

 

View this post on Instagram

 

This time is WEIRD. Let’s be kind to each other, please.💙

A post shared by Upworthy (@upworthy) on


– До сите ученици, ве молам бидете добри со наставниците. Мојот татко има 53 години и на се снаоѓа најдобро со технологијата. Секој ден ми ѕвони и ми поставува различни прашања, многу е нервозен, а сака да го направи најдоброто за учениците. Ве молам, бидете трпеливи. Сите наставници навистина се трудат.
Познавајќи ја технологијата или не, тие се трудат на најдобар начин да им го приближат материјалот на своите ученици. Сигурно се под стрес поради тоа.
Сигурно е тешко секој ден да носиш маска и да држиш дистанца во училницата.
Можеби се и уморни, покрај проблемите со интеракцијата.
Исто како нас, и тие се борат и се грижат за многу работи за на учениците да им го обезбедат потребното образование.
Поттикнете ги децата да бидат добри со нив!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.