Портокаловата е топла, страствена и ведра боја на оганот и сонцето. Тоа е боја која стимулира и возбудува.
Портокаловата боја создава чувство за забава, радост, благосостојба, ја зајакнува виталноста, ја зајакнува волјата и нè прави потолерантни кон другите (барем така велат научниците).
Оваа боја (која, како што знаеме сите е комбинација од црвена и жолта), одлично одговара буквално во секоја просторија во домот.
Поради топлината и удобноста, дневната соба е совршено место за портокалова боја, а по неа следат кујната, купатилото, спалната соба…
Колку портокалова боја сакате да внесете во вашиот дом, тоа зависи од вас. Тоа може да бидат поголеми зафати во просторот, односно цел ѕид обоен во оваа ведра боја или пак плочки во кујната.
Можете да набавите портокалов мебел или едноставно ставете некои едноставни интересни портокалови детали (перница, ламба, гардеробер…).
За што и да се одлучите, не пропуштајте да внесете малку портокалова боја во вашиот дом оваа пролет!