После ова, ништо нема да го запре Трамп: Америка решително оди во војна против Иран

Републиканците во американскиот Сенат денес ја поддржаа воената кампања на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, против Иран.

Ова ја блокираше резолуцијата за воени овластувања, насочена кон спречување на понатамошни напади врз Иран без одобрение од Конгресот.

Од вкупно 100 сенатори, 52 гласаа против резолуцијата за воени овластувања, а 47 „за“, претежно по партиска линија, при што речиси секој републиканец гласаше против предлогот, а речиси секој демократ го поддржа, објави Ројтерс .

Спонзорите на резолуцијата за воени овластувања, меѓу кои беа и неколку републиканци покрај демократите, рекоа дека предлогот има за цел Конгресот да ја преземе одговорноста за објавување војна, како што е наведено во Уставот на САД.

Противниците го отфрлија тоа, инсистирајќи дека акцијата на Трамп е легална и во рамките на неговото право како врховен командант да ги заштити Соединетите Држави со наредба за ограничени напади.

Претставничкиот дом треба да одлучи за ова прашање утре. САД и Израел го нападнаа Иран наутро во сабота, 28 март, во она што го нарекоа „превентивни напади“ што дојдоа по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.
The post После ова, ништо нема да го запре Трамп: Америка решително оди во војна против Иран appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: