Посните лазањи со спанаќ и печурки се совршено кремасти и толку вкусни што ќе ви се допаднат исто како и оригиналниот рецепт.
Ви предлагаме посна лазања која е толку вкусна што ќе сакате почесто да ја правите. Наместо смесата со месо, се нанесува кремаст фил со спанаќ и растителна рикота. Се додаваат и сечкани печурки, а се посипува со растителна моцарела. Доколку не сакате растителни, нема штета ако користите и обичен кашкавал и вистинска моцарела. Но, за вистински вегански ручек, нормално, треба да се користи растителен кашкавал.
Потребни состојки:
6 кори за лазањи
250 гр печурки по избор
500 гр спанаќ
350 гр растителна рикота или моцарела
1 главица кромид
1 чешне лук
1 лажичка сол
½ лажичка куркума
½ лажичка бибер
масло за пржење
¼ чаша млеко од соја (или вода)
3-4 лажици вода
Подготовка:
Исечкајте го кромидот, па пропржете го на малку повеќе масло. Кога кромидот ќе омекне, додадете исечкан лук. Промешајте и продинстајте кратко, па додајте ги сечканите печурки. Промешајте, па динстајте додека течноста не испари. Додадете куркума, бибер и сол и повторно измешајте. Намалете ја температурата, па додадете половина од сечканиот спанаќ. Ставете го капакот и оставете го да се готви додека спанаќот не омекне. Додадете го остатокот од сечканиот спанаќ, покријте ја тавата и варете 6-8 минути.
Во меѓувреме изгмечете го кашкавалот и додадете го во смесата со спанаќ и печурки. Мешајте додека не се соединат состојките, а потоа прелијте со млекото од соја. Промешајте и варете додека не добиете кремаста текстура.
Во тава сипете вода, загрејте ја додека не зоврие, посолете по вкус, па додајте ги корите од лазањите. Гответе според упатствата. Дел од кремастиот фил со спанаќ и печурки намачкајте го на огноотпорен сад, па покријте го со 2 листа лазања. Посипете малку рендана моцарела. Намачкајте уште малку фил со спанаќ и печурки, повторно посипете со моцарела и ставете 2 листа лазања. Посипете малку моцарела, потоа намачкајте малку фил, повторно посипете моцарела и покријте со кори за лазања. Повторно посипете малку рендана моцарела, нанесете го филот и повторно додадете моцарела. Покријте со преостанатите кори од лазањи, повторно нанесете малку фил, моцарела и покријте со вода.
Посните лазањи печете ги на 180°C околу 30-40 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.