Посни меки кифлички

Потребни состојки:
500 мл вода
1 квасец + ½ печиво
2 шолји масло
2 лажици оцет
2 лажици шеќер
2 лажици сол
Околу 1 и пол кг брашно


Начин на подготовка:
Квасецот(40 г свеж, 20 г сув) измешајте го со течните состојки, па постепено додавајте ги сувите. Брашно додавајте го постепено и мешајте со лажица, а кога ќе се оформи тесто извадете го на работната површина и измесете го. Тестото треба да е меко/средно меко. Оставете го на топло околу 1 час да се удвои, па оформете ги кифличките.
Може да издвоите топчиња, секое посебно да го расукате или земете поголем дел, исукајте голема кора исечете ја на делови. Вака оформените кифлички премачкајте ги со густа смеса од вода и брашно и наросете сусам. Печете на 200-220 степени околу 10-15 минути. Откако ќе ги извадите може да ги премачкате со маргарин и покријте ги со крпа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.