четврток, 12 ноември 2026
Најново

Постапката за менување на Уставот денес влегува во втората фаза

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес Собраниската комисија за уставни прашања ќе ја почне расправата за четирите нацрт-амандмани на Уставот, која ќе трае во следните 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа за 1 декември.
Со утврдувањето на нацрт-амандманите почнува втората фаза од постапката за уставни измени. Нацрт-амандманите се утврдуваат со просто мнозинство од 61 глас, а за последната фаза за усвојување на амандманите ќе биде потребно двотретинско мнозинство или поддршка од 80 пратеници.
Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија, согласно со Преспанскиот договор. Вториот амандман е во однос на Преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор, со цел да стане конститутивен елемент на државата. Во третиот амандман се додава дека земјата ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Со четвртиот амандман се укажува на тоа дека државата ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.

Поврзани вести