Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

  Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на денешната 4. седница без присуство на пратениците од мнозинството со пет гласа „за“, без ниту еден воздржан и против, донесе одлука за одржување Надзорна расправа на тема „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на ден 16.03. 2025 година“.
На претходната седница на 6 јуни годинава на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не беше прифатен предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на седницата да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но се чека да заврши истрагата и да биде објавен обвинителниот акт па потоа да се расправа на темата во Собрание.
Претседателот на комисијата Димитар Апасиев, кој е и подносител на иницијативата, наспроти процедуралните укажувања на дел од членовите на комисијата дека се крши Деловникот, повикувајќи се на член 214, став 4 од Деловникот на Собранието, ја стави на гласање Иницијативата за одржување надзорна расправа на денешната седница без претходно да биде гласано за утврдување на дневниот ред.
-Констатирам комисијата ја усвои одлуката за организирање на надзорна расправа со најмалку една третин од членовите, онака како што бара Деловникот. Ве известувам дека датумот и времето на одржување на седницата и листата на учесници дополнително ќе бидат утврдени согласно чекорите за одржување надзорни расправи, изјави Апасиев.
Пратеникот Горан Мисовски од СДСМ, процедурално реагираше дека учествувал во носењето на новиот Деловник и дека треба да се почитува, посочувајќи дека не може да се гласа за одржување на надзорна расправа, пред да се гласа за ставање на дневен ред.

-Дали правиме лоша услуга. Мораше да гласаме за дневен ред, па потоа да ги убедуваме сите 120 пратеници. Па на крајот на денот и вие како пратеници на Левица, учествувавте во носење на Деловникот. Сега правиме преседан, мораше да го изгласаме прво дневниот ред. Повторно ќе кажам, јас како пратеник ќе бидам тука и ќе гласам, но требаше сите 120 пратеници да бидат, изјави Мисовски.
Апасиев, на ова одговори дека Деловникот е многупати досега кршен, но дека сега не се крши, цитирајќи член од него, според кој „за одржување на надзорна расправа работното тело одлучува со мнозинство гласови од присутниот број членови“, а „најмалку со една третина од вкупниот број членови“, што значи пет од 15 во случајот.
-Деловникот го кршевте и кога го биравте Талат Џафери за претседател, па тој потоа фрлаше амандмани, така што, Деловникот е искршен многупати досега. Но, во случајот, јас не го кршам Деловникот и повторно ќе се повикам на посебните специјални одредни кои важат за парламентарн надзор, а кои што, ги дерогираат генералните одредби, изјави Апасиев.

Апасиев, претходно образложи дека согласно Деловникот, пратседателот на матичното работно тело е должен Иницијативата да ја стави како прва точка на дневен ред на првата наредна седница на матичното работно тело, што се одржува во рок од десет дена од денот на поднесување на иницијативата.
– Констатирам дека денеска е последниот десетти работен ден, така што, рокот е деловнички запазен. Матичното работно тело е должно да ја разгледа иницијативата и да донесе одлука по истата. Од тие причини преминуваме на расправа и разгледување по единствнета точка на дневен ред, изјави Апасиев.
Апаисев, како подносител на Иницијативата, рече дека вината за трагедијата треба да се лоцира 4-5 државни органи кои се испрелетени во своите надлежности – Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија и труд, градоначалникот на Кочани, Управата за јавни приходи и самиот јавен обвинител, односно Јавното обвинителство на чело со Љупчо Коцевски…

Пронајдете не на следниве мрежи: