Потврдена автентичноста на автопортретот на Рембрант

Вредноста на автопортретот од славниот холандски сликар Рембрант, за кои до неодамна се веруваше дека се дел на еден од неговите ученици, е проценета на околу 20 милиони фунти или околу 23,3 милиони евра, објави британската фондација The National Trust.Фондацијата, чијашто задача е да ги зачува местата и уметничките дела од јавен интерес во Обединетото Кралство, во 2010 година доби платно по смртта на еден британски колекционер на уметнички дела.Холандскиот експерт со светско реноме за делата на Рембрант, Ернст фан де Ветеринг, потврди дека станува збор за оригинално платно дело на самиот Рембрант и неговиот автентичен потпис. Сликата, според фан де Ветеринг настанала во 1635 година, кога сликарот имал 29 години, се наведува во соопштението на фондацијата The National Trust.Во 1968 година, Хорст Герсон, исто така експерт за холандските мајстори, соопшти дека смета оти Рембрант на сликата го потпишал еден од неговите ученици, а истата година до истиот заклучок дојде и фондацијата Rembrandt Research Project.„Во текот на последните 45 години добивме многу нови сознанија за автопортретите на Рембрант и варијациите во неговиот уметнички стил“, изјави фан де Ветеринг, кој во инаку актуелен претседател на фондацијата Rembrandt Research Project.„Бил еден од најголемите уметници на златниот холандски период во уметноста. Во текот на својот живот насликал многу автопортрети“, вели Дејвид Тејлор, конзерватор на слики и скулптури од холандскиот институт National Trust.Иако е проценета на 20 милиони фунти, сликата нема никогаш да биде продадена, се наведува во соопштението на фондацијата. Таа била во сопственост на принцовите од Лихтенштајн, а од 2010 година е изложена во опатијата Букланд во Девон.
МакфаксВредноста на автопортретот од славниот холандски сликар Рембрант, за кои до неодамна се веруваше дека се дел на

Пронајдете не на следниве мрежи: