Потпечена елда со моцарела и доматен сос

Рецепт
100 гр. Елда зрно (Хељда)
300 мл. Вода за потопување
300 мл. Вода за варење
100 гр. Моцарела во вода
25 гр. Сланина
50 мл. Доматен сос
1 мал. лаж. Путер

ЗАЧИНИ
по вкус Химелајска сол
по вкус Интегрален сусам
по вкус Лут буковец
по вкус Оригано


Инструкции за готвење

1 | Потопување на житаркитe (минимум 6 часа)
100 грама елда се остава да кисне од вечер во 3 шолји вода.
2 | Подоготовка

Утрото се измиваат зрната елда и се ставаат 3 нови шолји вода. Оставете да проврие 10тина минути, поклопете го садот и тргнете го од оган. За 15 минути зрната елда ќе ја впијат потребната водата.
На загреана тава го даваме путерот и се пропржува сланината и сусамот. 

Потоа се додава доматниот сос и претходно сварената елда и повторно кратко ги пропржуваме.
Така измешаните состојки ги префрламе во огноотпорен сад и ги додаваме зачините по вкус.

Одозгора редиме парчиња моцарела и садот го ставаме во претходно загреана рерна на 200 степени, да се пече 15тина минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.