Потпечен карфиол

Состојки
1 поголема главица карфиол
3 јајца
300 мл кисела павлака со 20% масленост
100 мл млеко
100 г рендан кашкавал
презла по потреба
зачини- мешан сув зачин, црн бибер, лук во прав, црвен пипер

Има многу начини како да се потпечи карфиол и секогаш го правам различно. Секако е вкусен, а мене овој начин ми е најдобар.
Припрема
Прво карфиолот се мие, се разделуваат цветовите и се вари во солена вода 15тина минути.
Потоа во тавчето во кое ќе го печите се става како подлога презла. Презлата ќе го впие вишокот течност од карфиолот.
Врз презлата наредете ги цветовите карфиол.
На страна изматете ги јајцата и млекото, додадете ја павлаката, додадете мешан сув зачин и црн бибер и измешајте.
Прелејте ги главиците карфиол со оваа смеса, попрскајте малку масло, а одозгора нарендајте кашкавал, наросете малку презла и црвен пипер.
Ставете да се запечи на 200 степени додека горе не зарумени.
Можи да се јади самостојно или како прилог на месо.
На здравје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.