Потрошувачката на гориво зголемена, Владата на седница ќе разгледува мерки

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека потрошувачката на гориво е зголемена за 10 проценти поради тоа што имаме најевтино гориво и многу граѓани од соседните држави точат гориво кај нас.
Мицкоски најави дека на денешната владина седница ќе се разгледаат мерки за ублажување на последиците од кризата на Блискиот Исток и скокот на цената на нафтата на светските берзи.
– Денеска имаме владина сендица и ќе разгледаме и други мерки коишто мислиме дека ќе бидат корисни во таа насока. Иако и покрај овие ценовни шокови морам да признам дека имаме најниска цена на горивото што создава дополнителен притисок од страна на соседите, односно граѓаните од соседните држави. Можеме да збележеиме дека за повеќе од 10 проценти е зголемен конзумот на бензин и дизел гориво на нашите бензински пумпи. Но и покрај тоа стабилното снабдување за граѓаните и стопанството останува наш приоритет и во овој момент нема негативни очекувања на овој план, рече Мицкоски меѓу другото на меѓународната конференција што ја организира Народната банка денеска во Скопје.
Според најавите на премиерот од викендот, се очекува да се ослободат количини на мазут од стоковите резерви.
Владата во неделата одржа вонредна седница по која премиерот информираше дека е донесена одлука за намалување на ДДВ-то за горива од 18 на 10 проценти со цел да се ублажи новата цена на горивата. Други мерки не беа донесени, а премиерот изјави дека сотојбата ќе се следи и ако има потреба ќе се интервенира и во делот на акцизите. Во тој момент, македонската Влада не гледаше причина да го ограничи точењето на гориво за странските државјани.
Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука со која цената на бензините остана иста, а дизелот поскапе за 3,5 денари за литар.

Пронајдете не на следниве мрежи: