четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поучна приказна за вистинската вредност на нештата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Луѓето многу често имаат навика да ги судат нештата од прв поглед и да ја одредуваат нивната вредност без да знаат што се крие под површината. Поради тоа, донесуваат погрешни заклучоци и нанесуваат неправди. Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ве научи дека не треба да дозволувате да ве измами првиот впечаток, кој понекогаш знае да биде лажен.

Си било еднаш едно младо момче кое отишло кај селскиот мудрец за да побара совет.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Дојдов, учителе, затоа што се чувствувам толку безвредно што немам волја за ништо. Ми велат дека ништо не знам, дека ништо не правам како што треба, дека сум несмасен и прилично глупав. Како можам да се поправам? Што да направам за да ме ценат повеќе?“

Без да го погледне, учителот му одговорил:

„Баш ми е жал, момче. Не можам да ти помогнам затоа што прво морам да го решам својот проблем. Можеби подоцна…“

Тој направил пауза, но брзо додал:

„Кога ти мене би ми помогнал, побрзо би го решил тоа и тогаш можеби би можел и јас тебе да ти помогнам.“

„Со задоволство, учителе“, со двоумење одговорил младичот и повторно се почувствувал безвредно и запоставено.

„Добро“, продолжил учителот.

Поврзани вести