Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија. Клипови од првите проби може да се видат ексклузивно на официјалниот евровизиски профил на ТикТок, а фотографии на официјалната веб-страница на музичкиот натпревар.Сите 37 песни што ќе учествуваат на натпреварот може да се слушнат и видат на евровизискиот канал на Јутјуб.Годинава, натпреварот ќе се одржи во Малме, Шведска. На 7 и 9 мај ќе се одржат двете полуфиналиња, а големото финале е на 11. истиот месец.Во моментов, според обложувалници на интернет, најмногу шанси за победа имаат песните на Швајцарија, Хрватска, Холандија, Италија и Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи: