Почнува истрага за продажбата на паркингот кај ГТЦ во Скопје

Денес Антикорупциската комисија одржува седница на која отвори повеќе предмети по “чуен глас“, по пријави од граѓани и политички партии. Постапки се отворени против Заев, Анѓушев, Манчевски, Пановска Ставридис, Мерко, Вангеловски…
На предлог на Билјана Ивановска, претседателката на Комисијата отворен е предмет и за продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“, паркинг-плацот во строгиот центар на Скопје. Ќе се истражуваат сомнежите поврзани со негово окрупнување, но и за загрозување на животната средина.
Атрактивната парцела од 9.000 м2 пред повеќе од половина година ја купија две фирми за сума од 312 евра по квадрат, а на неа е предвидено да никнат 60-катници. Парите беа уплатени во државниот буџет еден месец пред за тоа да дознае јавноста, а станува збор за 2,9 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.