Почнува Светското Првенство во кошарка – Шпанија ја брани титулата

Во престолнината на Филипините, Манила, за неколку часа ќе започне Светското првенство во кошарка. Организатори на Мундобаскетот покрај Филипините се уште и Јапонија и Индонезија. Титулата ја брани селекцијата на Шпанија.

Мундобаскетот ќе го отворат Италија и Ангола, но очите на светската јавност внимателно ќе го следат натпреварот помеѓу домашната селекција и Доминиканската Република.

Претседателот Фердинанд Маркос ја суспендираше наставата во државните училишта и работата во владините институции во деловите од градот Метро Манила и Булакан.
Првиот човек на Филипините го направи ова за да го олесни отворањето на Светското првенство во кошарка.

Филипинците несомнено ќе го соборат светскиот рекорд по посетеност на еден натпревар од Светското првенство, бидејќи „Филипини арена“ може да прими до 55.000 навивачи, а се очекува спектакл.
Рекордот на посетеност беше соборен во 1994 година, кога Американците ја победија Русија пред околу 32.000 гледачи.

„Филипини арена“, во Булакан е само една од локациите каде што ќе се одржуваат натпреварите на СП, кои исто така ќе се играат во „Арена Аранета“ и во „Арена Мол оф Азија“ од 25 до 30 август.
Финалето на Светското првенство во кошарка ФИБА во 2023 година исто така ќе се одржи на Филипините од 5 до 10 септември во „Мал оф Азија Арена“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.