четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани вести