Појадок кој се топи во уста: Како да направите совршен омлет?

Одвојувањето на жолчките од белките е чест процес при подготовка на пандишпан за торти, но дали сте се обиделе да направите омлет на тој начин?
Ако ги изматите одделно жолчките и белките пред да ги споите во една смеса и да ги испржите во тава, ќе добиете совршен омлет кој исто така се нарекува и суфле омлет.
Можете да направите ваков омлет во солена верзија и да го зачините со сол, црн пипер и други зачини или во слатка, а тогаш да му додадете мед, овошје или само шеќер.
Појадок кој се топи во уста: Како да направите совршен омлет?
Потребни состојки:
5 белки
3 жолчки
2 лажици путер
зачини по избор и вкус
Начин на подготовка:
Одвојте ги белките и изматете ги додека не добиете цврст шлаг. Во друга чинија изматете само три жолчки и изматете ги.
Потоа, многу внимателно измешајте ги жолчките во белките.
Истурете ја смесата во загреана тава покријте ја. Печете на умерена температура за 3 минути.
Потоа, подигнете ги рабовите на омлетот со шпатула и додадете го путерот. Ставете го капакот пак и печете уште 3 минути.
На крајот можете да го зачините омлетот по избор, преклопете го и префрлете го во чинија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.