Појадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе крем

Далгона, кремаста сензација од само три состојки: инстант кафе, шеќер и вода, беше еден од најголемите хитови за време на карантинот, а готвачите ширум светот започнаа да го комбинираат „новото откритие“ со најразлични задоволства. Една од нив е овој здрав и кремаст пудинг од чиа што може да ве одржи сити до пладне.
Појадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе крем
Една од тајните на кремастиот пудинг е замрзната банана. Ден пред подготовката, исечете ја бананата на парчиња и замрзне. Следниот ден користете добар блендер или процесор за храна и ќе добиете кремасто совршенство – многу покремасто отколку со користење свежи банани.
Потребни состојки:
3 лажици подготвен кафе крем (далгона)
2 лажици семе од чиа
60 милилитри топла вода
60 милилитри млеко
1 лажица рендано црно чоколадо
1/2 лажичка цимет
1 голема зрела банана
1 лажица овесна каша
Начин на подготовка:
Исечете ја бананата ден претходно и замрзнете ја. Следниот ден, истурете ги семето чиа во топла вода и повремено мешајте, а потоа прелијте го со млекото и оставете го настрана.
Со блендер измешајте ја смесата од семето чиа со бананата и овесната каша. Можете исто така да додадете мед, сируп од агаве или кафеав шеќер по желба.
На дното на садот за сервирање ставете го ренданото чоколадо, а потоа прелијте го со пудингот и украсете со кафе крем. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.