четврток, 12 ноември 2026
Најново

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, кој беше во бегство од 2003 година, вчеравечерта е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка, пренесува „Либертас“ повикувајќи се на  „Скопје1“. Тој бил осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избегал од Македонија и се барал со меѓународна потерница.

Според истиот извор , тој бил апсен во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.
Во 2005 година, при претреси кај командатот Бреза беа најдени купишта оружје. Од униформи, минофрлачи, гранати за РПГ, тенковски гранати до тешко воено оружје и 300 илјади парчиња куршуми.
Извор: skopje1.mk

Поврзани вести