По наредба на судот 25 педофили се кастрирани, според важечкиот закон

По наредба на судот 25 педофили се кастрирани, според важечкиот закон на Казахстан. Текстот го издвојуваме затоа што сметаме дека допира мошне важна тема и за нашето општество.

Различни држави имаат различни системи на правда, но секаде се смета дека силувањето на децата е едно од најгрозоморните злосторства. Во Казахстан, казната е кастрација – и годинава, 25 затвореници се кастрирани поради ваков тип на злостор.
Хемиската кастрација делува така што се вметнуваат лекови кои го намалуваат либидото со блокирање на тестостеронот. Според казахстанскиот закон што стапи на сила во 2018 година, на оние кои се осудени на затворска казна за силување малолетници, може да им се изрече судски налог да го добијат како казна КАСТРИРАЊЕТО. Ефектите од инјекцијата не траат вечно, и треба повторно да се ДАВА/ПРИМА на секои три месеци.

„До денеска има 25 осудени лица кои ја издржуваат казната во казнениот систем, на кои судот им изрече присилни мерки во форма на хемиска кастрација“, изјави Алексиј Милијук, службеник во Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во изјава за медиумите еден од осудените лица кој ја примил инекцијата, повика на забраната за оваа пракса.

“Барам помош и сакам да апелирам до сите да престанат со оваа кастрација. Сè уште се надевам дека ќе одам дома и ќе продолжам да живеам. Сакам семејство и деца”.

“По инекцијата, целото тело ме боли толку многу што е тешко да се оди. Застрашувачки е”.

Иако според некои како нехумана, хемиската кастрација се применува во неколку држави, вклучително Полска и Јужна Кореја, како и во голем број американски држави. Некои земји нудат дури и намалени казни за оние кои се согласуваат да бидат инјектирани.

Кога беше донесен законот, околу 22.500 американски долари од националниот буџет беа издвоени за мерки за намалување на сексуалното либидо, со цена на кастрирање на секој поединечен пациент што чини околу 295 американски долари годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.