По стар рецепт од нашите баби: Направете си домашно сирење од само 3 состојки

На многу од дамите кои што не се искусни во кујната, правењето сирење им делува како тешка и исцрпувачка работа, но тоа не е вистина.
Рецептот за правењето на сирењето е многу едноставен, а истото се приготвува од само три состојки – секако на вкусот нема да може да одолеете.
Состојки:
– 2 литри свежо млеко со поголем процент на маснотија;
– 60 милилитри оцет;
– сол по вкус.
Подготовка:
Млекото ставете го во поголемо тенџере. Ставете го на тивок оган да врие, па додадете сол по ваш вкус. Одвреме-навреме мешајте. Млекото не смее да зоврие, па пред да почне да врие тргнете го тенџерето од оган. Потоа додадете го оцетот, па помешајте и оставете неколку минути да отстои.
Во друго тенџере ставете цедалка и над неа газа. Полека ставајте ја смесата од тенџерето која што претходно ја приготвивте, па убаво процедете ја низ цедалката.
Соберете ја газата, па превртете, а потоа со помош на чинија исцедете. На крајот ставете ја чинијата над газата (во која што се наоѓа сирењето и над чинијата ставете нешто тешко.
Оставете го сирењето да отстои околу еден час, а потоа е подготвено за консумирање.
Погледнете го видеото за да ја видите постапката:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.