По јадењето ни случајно не треба да го правите ова…

Повеќето пушачи не се свесни колку штета му нанесуваат на својот организам со оваа лоша навика…
Силната желба за цигара веднаш по јадењето е нешто со што може да се поистоветат повеќето пушачи. Често веднаш откако ќе се најадат пушачите палат цигата, а науката предупредува колку тоа е всушност штетно.
Имено, цигарата особено ги иритира цревата, но и остатокот од дигестивниот систем кој тогаш влијае на целото тело. Никотинот од цигарите се врзува со кислородот во крвта бидејќи по јадењето, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира. Поради тоа пушењето веднаш по јадењето може да предизвика цела низа на тешки проблеми во дигестивниот систем, од иритација до сериозни болести.


Лицата кои боледуваат од улцерознен колитис или синдорм на нервозни црева би требало да го избегнуваат пушењето во широка смисла, а оние кои се веќе пушачи би требало веднаш да се откажат од цигарата по јадењето бидејќи цигарите дополнително ги влошуваат симптомите на нивната болест.
Бројни истражувања покажаа дека пушењето по јадењето е за 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара има влијание како 10 цигари. Затоа по оброкот почекате малку пред да запалите цигара.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.