четврток, 12 ноември 2026
Најново

По 15 години МРТ ќе добие ново раководство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Распишан е конкурс за избор на директор и заменик-директор на Македонската радио телевизија (МРТ). Огласот е објавен na 24 03 2026..

Според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на МРТ, директорот и заменик-директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор.
„Кандидатите кои ќе се пријават треба да имаат високо образование, да поднесат програма за работа на МРТ за период од три години. Треба да имаат работно искуство од најмалку осум години во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката, културата, економијата или правото и искуство со раководење организација од најмалку четири години“, стои во конкурсот.
Конкурсот трае 15 дена.
Актуелен директор на МРТ е Марјан Цветковски. На функцијата е од 2012 година.

Поврзани вести