Евакуациски авион на „Ер Србија“ со 67 патници слета ноќеска во Белград од египетскиот град Шарм ел Шеик, објави „Нова“.
Во авионот, покрај државјани на Србија, имало и граѓани на Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Словенија, кои биле евакуирани од Израел. Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Дамјан Јовиќ, истакна дека обврска на државата е да се грижи за своите граѓани во сите околности, и во добро и во зло, и дека токму тоа е причината за организирањето на евакуацискиот лет за граѓаните кои се нашле во подрачја зафатени со војна, се наведува во соопштението на министерството.
Според него, иако станува збор за хуманитарно прашање, со овој гест Србија испраќа порака дека се стреми кон најдобри и кон најблиски односи исполнети со солидарност со соседните држави.
Пронајдете не на следниве мрежи:


