Правилниот начин за трајно слабеење

Постојат толку многу типови на диети што луѓето понекогаш забораваат дека слабеењето се сведува на два едноставни принципи – здрава и правилна исхрана и редовна физичка активност. Секако, слабеењето е далеку од наивен процес, но не нѝ е потребен некој ,,фенси” или магичен начин на исхрана за да ослабеме.
Основите на овој процес се следење на калорискиот внес, зголемување на физичката активност, јадење на здрави масти, полнозрнаста храна и растителни протеини.
Заборавете на силно рестриктивните, ограничувачки диети и следете ги принципите на здравата исхрана и живеење (умерени оброци, повеќе свежа, полнозрнаста храна, мешунки, јатки.., редовна физичка активност, контролиран стрес, добар сон). Водејќи се според овие принципи, ќе можете да ги загубите килограмите трајно.
Зошто диетите се погрешен пристап, прочитајте тука.
Во продолжение, што треба, а што не треба да правите при процесот на слабеење:
Не треба:
• Да се чувствувате тажно, мачно или виновно.
Fibro Gel
• Да имате ,,чит деј” или ден кога ќе ви биде ,,дозволена” нездравата храна во неограничени количества.
• Да се потпирате на ,,замените” за одредени производи.- ,,заменските” или ,,здравите” бургери, палачинки, пици со растителен кашкавал итн., се проблематични заради тоа што многу ретко содржат помалку калории и ја одржуваат лошата навика на внесување големи количества празни калории. Создаваат привид дека консумирате здрава храна која не само што нема да придонесе за повишување на килограмите, туку е добра за вашето здравје.


• Да се обидувате со некоја диета заради тоа што таа функционирала за некој друг.
• Да консумирате алкохол или да имате обемен оброк непосредно пред спиење.
Многу луѓе, особено оние кои држат било каков тип диета, си поставуваат крајно нерационални рестрикции или ограничувања во однос на некој вид храна. Ова не е бесмислено само од нутритивен (хранлив) аспект – на пример, јадењето живи јајца од препелица наутро, јадењето конзервирани ,,протеински” колбаси, само за да се избегнат ,,лошите” јаглехидрати или немешањето на јаглехидрати и протеини – туку е бесмислено и од психолошки и од аспект на одржливост.
Ако некој постојано се чувствува тажно, нервозно, потиштено, а ако го прекрши самопоставеното ,,правило” и виновно, тоа е дефиниција за неодржливост. Можеби најзначајниот принцип на здравото слабеење е можноста за одржливост. Затоа, треба да се усвои начин на исхрана кој е најблизок до вашите потреби и вкусови. Медитеранскиот начин на исхрана оваа година, покрај другите награди од релевантни институции, доби и награда за најлесно одржлива здрава исхрана на долги патеки.
Имајќи ваква исхрана, нема воопшто да имате потреба од т.н. чит дејс и ќе научите да си ги простувате грешките, бидејќи трчате маратон, а не спринт. Потребата од вакви денови во кои ,,сè ќе ви биде дозволено”, значи дека вие имате проблем со она што самите си го ограничувате или не сфаќате дека навистина треба да намалите со нездравата храна.
Ваквите денови лошо влијаат на психолошкиот аспект кој е исто така значаен при процесот на слабеење, но го нарушуваат и ритамот на метаболизмот.


Подетално околку проблемот со прејадувањето навечер и кој се главните проблеми на сите диети, прочитајте во нашите претходни статии: Диетите не се решение, диетите се ПРОБЛЕМ и Зошто оброците доцна НАВЕЧЕР влијаат лошо на телесната тежина?
Треба:
• Да го следите калорискиот внес, но и она што го јадете.
• Да обрнете внимание на големината на порциите.
• Да го читате составот на произовдите.
• Да ги јадете сите типови храна.
• Да јадете ,,свесно” и пополека.
• Да имате паметна вечера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.