Правило од три минути: Најголемата грешка која ја правиме после туширање

Исклучително е важно да водите правилна грижа за својата кожа. Редовното чистење и хидрирање е само еден од начините со кои може да ја негувате.
Но, ако имате други проблеми со кожата, вашите дневни ритуали можеби ви ја уништуваат, а вие не сте свесни за тоа.
Туширањето има големо влијание на вашата кожа, почнувајќи од времето кое го поминувате под туш, па до начинот на кој го плакнете своето тело. Затоа е важно да ја пронајдете вистинската рутина која одговара на вашата кожа.


Дали сте знаеле дека она што ѝ го правите на вашата кожа после туширање е подеднакво важно, дури можеби и поважно од самото туширање? Една грешка која повеќето жени ја прават после туширање, а ја уништува кожата, е предолгото чекање за нанесување на хидратантна крема или воопшто ненанесување на истата. Имено, после туширање порите се шират поради пареата и топлината во бањата.
„Клучно е таа вода да се задржи во телото, со нанесување на хидратантни креми во рок од три минути“, рекол дерматологот Синтиа Бејли.
Чекањето подолго од три минути за да нанесете хидратантна крема после туширање, ќе предизвика губење на таа влажност во вашата кожа. Затоа, секогаш имајте шише со хидратантна крема во вашата бања и нанесете ја една минута откако ќе се истуширате, за да имате здрава и хидрирана кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.