Прави се со добро срце, не очекувај и нема да се разочараш!

Се разочаруваме кога очекуваме нешто, од некој…

Кога мислиме дека другите би го направиле истото за нас што ние би го направиле за нив…

Кога даваме многу, а добиваме малку или ништо…

Кога мислиме дека и другите треба да бидат тука за нас, да ни помогнат, да не ислушаат…

На крај, сфаќаме дека тоа нема да се случи и се разочаруваме.

Разочарувањето боли…

Болката не менува и не учи.

Не прави посилни и посвесни дека треба да нучиме една важна лекција.

Да научиме да не очекуваме. Да не се надеваме да добиеме нешто од другите.

Едноставно се да правиме со добро срце и да не очекуваме.

Само така нема да се разочараме.

Само така ќе имаме мирен и исполнет живот полн со среќа.

Да се надеваме само на Бог бидејќи Тој никогаш нема да не разочара.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.