Пралини со вкус на кафе

Погледнете го овој рецепт и во текот на викендот направете пралини со вкус на кафе со коишто ќе го израдувате целото семејство.
Пралини со вкус на кафе
Потребни состојки:
250 грама чоколадо
2 лажици масло
1 лист желатин
34 бисквити
150 грама маскарпоне
40 грама шеќер во прав
1 ќесичка ванилин шеќер
100 грама слатка павлака


Начин на подготовка:
На пареа стопете го чоколадото заедно со маслото и потоа премачкајте 25 калапи за пралини и оставете ги да се изладат. Остатокот од стопеното чоколадо оставете го за премачкување на пралините.
Ставете го желатинот во вода за да набабри, а бисквитите искршете ги на мали парчиња, натопете ги во кафето и ставете ги во корпите.
Измешајте го маскарпонето со ванилин шеќер и со шеќер во прав, а павлаката измешајте ја додека да стане шлаг.
На набабрениот желатин додајте му две лажици павлака и загрејте го за да се растопи. Потоа, во смесата додајте ги маскарпонето и шлагот и мешајте.
Корпите со бисквити наполнете ги со крем, ставете ги во фрижидер за да се изладат, а потоа прелијте ги пралините со слој чоколадо. Постојано чувајте ги во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.