Прва реакција на Русија по падот на Асад: „Сиријците сега ќе треба сами да се справат со граѓанската војна“

„Сиријците сега ќе треба сами да се справат со граѓанската војна“, изјави висок руски политичар. Ова е прва реакција од Москва за падот на Башар ал Асад, кого Москва со години го поддржуваше и спасуваше од бунтовниците.

Константин Косачев, заменик-претседател на Горниот дом на рускиот парламент, ова го изјави утринава откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Асад.

Русија со години беше верен сојузник на Асад и интервенираше во 2015 година за да го поддржи за време на сириската граѓанска војна. Но, Русите го напуштија кога бунтовниците започнаа молскавична офанзива која на крајот го собори.

Пронајдете не на следниве мрежи: