Хрватската музиичка ѕвезда Петар Грашо, во едно интервју има раскажано каков бил тој како дете, и кажал дека бил доста темпераментен и весел, но сепак не бил проблематичен.
-Како дете бев доста темпераментен, но не бев проблематичен. И секогаш бев ороводец што се однесува до организација, шегување. Секогаш имаше многу деца околу мене. Одев каде што имаше друштва и не бев повлечено дете.
Бев нормално, доста суптилно дете и уште тогаш покажував тенденција за музика. Имав само три години кога првпат седнав покрај тапани и тогаш видоа дека имам ритам.
Веќе во својата четврта година почнав да одам во музичко училиште“, кажал Петар во Женски магазин.
-Да бидам искрен, ретко се сецирам себеси, малку се плашам од тоа. Зошто сум успешен, зошто полнам Арени, зошто не сакам себеси да се доживував пресериозно. И понатаму се доживувам себеси како оној Петар од пред 25 години.
Некаде во длабочината на душата тоа е таа истата личност. Секако сите овие 25 години оставија на мене траги и печати од искуство, знаења, сознанија дека е нешто добро. Сознанија што сум погрешил, а што не сум.
Но, секогаш кога одам помеѓу луѓето, не сум екстровертен, туку сум комуникативен човек. Кога ќе излезам на сцената, често се прашувам што работам тука. Ја обожавам сцената, но никогаш не сум ја сакал популарноста на сцената.
Го сакам чувството на тоа дека можам да уживам во музиката. На сцената повеќе се вртам кон себеси. Имав убаво детство и пораснав во скромни, но добри услови. Секогаш тоа го нагласувам, за да не испадне дека продавам патетична приказна дека ми било тешко.
Бевме една скромно добро семејство, кое имаше доволно и кое страшно многу делеше. Нашата куќа секогаш беше полна со луѓе. Ја делевме радоста. Мојот татко беше голем пријател со Оливер Драгојевиќ, со Борис Дворник.
Тој беше познат кошаркарски тренер, и низ нашата куќа поминуваа сите можни тогашни кошаркари, познати фудбалери.
А сето тоа се случуваше во стан којшто имаше 48 квадрати. Се сеќавам на толку прекрасни моменти од моето детство во таа куќа во која што живеевме.
Можам да кажам дека тинејџерските денови ми поминаа во шегување, врева, со познатиот далматински хумор, постојано се печеше некоја риба, се пееше. Денес ретко луѓето се собират да пеат, а кај нас секоја вечер се пееше.
Тоа беше време кога луѓето немаа ни интернет, ниту Нетфликс, ниту HBO, ниту една од тие платформи за да се оддалечат меѓу себе.
Сите тие платформи беа на маса. Дојдеш и зборуваш што си правел тој ден, како си поминал, така што всушност јас сум една изгубена генерација, ајде така да ја наречеме.
Не сум од постарата генерација, што се однесува на мајндсетот, бидејќи сепак се занимавам со дигиталија во својата глава. Но, не сум ни од младата генерација, која животот го поминува пред екран.
Ги носам искуствата од тоа постаро време, а ги следам и новите работи. Иако, да ме прашате во кој вид луѓе припаѓам, јас сум и старомоден и модерен, иако повеќе инклинирам кон онаа филозофија кога на маса седиме неколку луѓе, да ги тргнеме телефоните и да зборуваме“, изјавил Грашо во ова интервју.
-Хана е една духовита, интелигентна, но, многу, многу повлечена и мирна личност. Во искрениот однос помеѓу двајца луѓе, не знаеш кога ќе се случи тој еден момент.
Двајцата поминувавме низ еден многу специфичен период, на нашите поранешни приватни животи и во тој сегмент се случуваше и разговор, едно познанство на еден маж и една млада жена, на еден друг начин. И во тој еден таков вртлог на животот, се случи тоа што се случи“, додал Грашо.
Пејачот, откако во февруари оваа година и го кажа судбоносното „да“ на 15 години помладата Хана Хуљиќ, двајцата пред четири месеци станаа родители на малото девојче Алба.
Како што и самиот истакна во едно интервју поради деловни обврски, Петар не успеал да и се посвети на својата ќерка колку што сакал, но сега на социјалните мрежи се појави првата фотографија од гордиот татко со наследничката.
Грашо цврсто го држеше девојчето во раце, додека на неговото лице се појави насмевка, а новопечената мајка задоволно ја гледаше оваа сцена.
–Ѝ потпевнувам на Алба додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне – изјавил пејачот во една прилика.
– Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се покажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен татко. Се надевам дека ќе напредувам и на тоа прашање – додаде тогаш тој, пренесува „Свет“.
Но, еден од коментарите под оваа слика која ја објави Инстаграм профилот на „Шоубиз фотке“ вели: Никаде без баба му.
И навистина, со него и со Хаа, и со малата Алба е и нејзината баба, Вјекослава Хуљиќ, сопругата на Тончи Хуљиќ, која е автор на познати хитови. Вјекослава е млада баба и изгледа како да ѝ другарка на Хана, а не мајка.