Според грчките медиуми се работи за одмаздничко пукање. По инцидентот на местото на настанот пристигнале спасувачи и брза помош.
Инцидентот се случил на улиците Арафиноса и Арионоса, во Артемиса. Како што јавија грчките медиуми, полицијата трага по црното возило во кое се возеле сторителите на страотното злосторство. Првичните информации покажуваат дека загинале шест лица.
Брзата помош излегла на лице место со мобилна единица спасувачи и лекар кој констатирал дека сите се мртви, јавува грчкиот портал Прототема.
Погледнете ја првата снимка од местото на настанот!
Да потсетиме, како што пренесуваат грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил и тројца во куќа во наведеното место. Сепак, последните информации говорат дека пресметката се случила во автомобилот. Пет лица загинаа во автомобил, додека едно е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички.
Тие наведуваат и дека се работи за мафијашка пресметка, а бил употребен и пиштол калибар 9 мм.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.