Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите Месинџер и Трејдс повторно работат, откако попладнево беа во прекин еден час.Причината веројатно е голем прекин на серверот во матичната американска компанија Мета, јавуваат светските медиуми. Веб-страницата за следење на состојбата на онлајн сервисите „Down Detector“ покажа големи прекини на Инстаграм, Фејсбук и Месинџер.Откако состојбата се нормализираше се огласија од Фејсбук.-Се вративме. Многу ни е жал за сите кои не можеа денеска да пристапат до својот Фејсбук, стои во статусот на официјалниот профил на Фејсбук.Проблеми со социјалните мрежи имаше низ целиот свет.
Пронајдете не на следниве мрежи:



