Превкусен колач со лимон и јогурт

4 јајца
150 г шеќер
150 г брашно
150 мл масло
125 мл јогурт
80 г мелени бадеми
3 лажици рендана кора од лимон
1/2 лажичка прашок за печиво
прстофат сол
1 лимон
100 мл вода
1 лажица шеќер
Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото, лимоновата кора и солта. Додадете ги во садот со јајцата и измиксајте. На крајот додадете го брашното измешано со прашокот за печиво. Промешајте со лопатка и нанесете ја смесата во тава за печење. Печете 20 – тина минути на 180 степени.
Од лимоновиот сок, водата и лажица шеќер сварете прелив. Нанесете го на топлиот колач и откако ќе се излади исечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.