Превкусна виенска штрудла со јаболка

500 г кори за пита
700 г јаболка
100 г путер
200 г сечкани ореви
3 лажици шеќер
1 кесичка цимет
1 ванилин шеќер
сок од 1/2 лимон
50 г шеќер во прав
Јаболката исечкајте ги на ситни коцки и ставете ги во длабок сад. Додадете ги сокот од лимон, циметот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изгмечете малку со виљушка и промешајте го филот.

Првата кора со готварска четка премачкајте ја со претходно растопениот путер и исечете ја на 9 квадрати. На средината на секој квадрат ставете по 1 лажица од филот и наросете сечкани ореви. Од филуваните квадрати свиткајте ролнички, а краевите на корите свиткајте ги во форма на бонбони.

Наредете ги ролничките во тава, обложена со хартија и премачкајте ги со преостанатиот растопен путер. Печете 15 минути на 190 степени. Подзладените ролнички исечете ги на парчиња и наросете ја штрудлата со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.