4 праски
2 лажици мармалад или желе
75 г лупени мелени бадеми
1 јајце
2 лажици шеќер во прав
125 мл изматена хопла
1 лажица рум
Праските излупете ги, извадете им ги семките и оставете ги да се исцедат. Полнете ги половинките праски со по половина лажичка мармалад или желе. Наредете ги во керамичка тава со исечените делови нагоре.
Во миксер ставете ги јајцето, шеќерот во прав, шлагот и румот. Матете една минута и додадете ги бадемите. Промешајте, со добиениот марципан прелијте ги праските и печете ги 5 минути на 200 степени.