Превкусни стапчиња со сусам и афион

1 кг брашно
400 мл масло
400 мл бело вино
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
100 г сусам
100 г афион
Од брашното, солта, маслото, виното и прашокот за печиво замесете тесто. На набрашнета работна маса со сукалка развлечете правоаголна кора. Едната страна премачкајте ја со масло и наросете афион. Превртетеја кората, премачкајте со масло и наросете сусам. Исечете стапчиња, свиткајте спирали и печете ги 15 минути на 180 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.