четврток, 12 ноември 2026
Најново

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Собранието денеска треба да ја одржи 76. седница, на чиј дневен ред се Предлог за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија и Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против налегалната миграција.

Владата во  Предлогот посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради – направени крупни професионални грешки при раководењето на Јавното обвинителство; неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со Закон; нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција е составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти. Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера истакна дека со Резолуцијата се осудува секое манипулативно однесување и се утврдува дека се става крај на сите шпекулации и лажни манипулации со наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови за мигранти во државата и со која јасно и недвосмислено се исцртува рамка на мигрантската политика.

Поврзани вести